Анчелоти во Манчестер носи фудбалер кој нема право да игра во ЛШ

Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти направи необичен потег пред патувањето за Манчестер, каде што треба да го игра реваншот против Сити на „Итихад“ во четвртфиналето на Лигата на шампиони (ЛШ).

Анчелоти го повика Жереми Де Леон, кој ќе патува со првиот тим на „кралевите“, но интересно е тоа што фудбалерот од Порторико нема право на настап во ЛШ.

Талентираниот играч е член на Кастилја, односно вториот тим на Реал Мадрид, кој се натпреварува во третиот ранг на шпанскиот фудбал.