Анчелоти кажа кој е фаворит за титулата во ЛШ

Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти одржа прес-конференција пред почетокот на групната фаза во Лигата на шампиони (ЛШ) и кажа кој е фаворит за освојување на пехарот во елитното натпреварување.

Анчелоти беше искрен пред новинарите и кажа дека главен фаворит за титулата е актуелниот шампион Манчестер сити.

„Манчестер сити е фаворит затоа што има екипа која им овозможи да го освојат трофејот и минатата сезона, но не исклучувам изненадувања“, кажа Анчелоти.

Реал Мадрид минатата сезона стигна до полуфиналето, каде што беше елиминиран од Манчестер сити со вкупни 1-5.