Анчелоти го избра својот идеален тим, во него нема место за Кристијано Роналдо!

Италијанскиот фудбалски стручњак, Карло Анчелоти, во текот на својата кариера беше дел од бројни европски гиганти, меѓу кои и Милан, Реал Мадрид, Челси, Баерн, ПСЖ...

Тоа беше причина повеќе, Анчелоти да направи тим од идеалните 11 кои ги има тренирано во текот на кариерата, а на големо изненадување меѓу нив не е Кристијано Роналдо, со кого соработуваше во редовите на Реал Мадрид.

Меѓу оние кои ги избра сегашниот менаџер на Евертон претежно се фудбалери на Милан, а исто така има и играчи од ПСЖ и Челси.

Најдобрите 11 на Анчелоти: Буфон - Кафу, Тијаго Силва, Тери, Малдини - Лампард, Пирло, Зидан - Кака, Шевченко, Ибрахимовиќ.