Аморим незадоволен од Ристовски: Македонецот заминува од Португалија?

Тренерот на Спортинг Лисабон, Рубен Аморим не е во најдобри односи со македонскиот репрезентативец Стефан Ристовски, па поради тоа бара начин да се ослободи од него.

Португалските медиуми објавија дека Спортинг Лисабон ја намалил цената за трансфер на Ристовски, која во моментов изнесува три милиони евра.

Како заинтересирани тимови за потписот на македонскиот репрезентативец се споменува шпански Валјадолид и турски Бешикташ.