Аморим ќе го добие најдобриот лев бек во светот?

Рубен Аморим од раководството на Манчестер јунајтед побарал лев бек за следната сезона, а тие нема да штедат за да му ја исполнат желбата.

Наводно прв пик на Манчестер јунајтед за лев бек е играчот на Милан и француската репрезентација, Тео Ернандез.

Ернандез според многумина е најдобриот лев бек во овој момент. Неговиот актуелен договор со Милан истекува во јуни 2026 година.

Доколку Французинот не се договори за продолжување на соработката со росонерите, тие ќе мора да го продадат на лето ако сакаат потоа да не им замине како слободен играч.

Се верува дека сумата за која ќе може да го купи Манчестер јунајтед е 60 милиони евра. Тоа е висока цифра за фудбалер на кој му истекува договорот за една година, но Тео Ернандез е фудбалер кој чини многу.