Аморим ги потврди преговорите со Јунајтед, наскоро се сели на Олд Трафорд (ВИДЕО)
Колку и да ги одбегнуваше одговорите, прашањата на новинарот беа такви да Аморим мораше да потврди дека е во преговори со Манчестер јунајтед и наскоро ќе се пресели таму.
„Треба да почекаме уште малку, по што ќе објаснам се што треба да објаснам и се ќе биде појасно“, вели Аморим.
Новинарот поентираше дека фактот што Спортинг ја извести берзата за намерата на Манчестер јунајтед да ја плати клаузулата од 10 милиони евра, мора да значи дека англискиот клуб добил зелено светло и од тренерот.
„Да, одлуката е моја, ќе кажам се, треба само да почекаме“.
Во продолжение Аморим рече дека не ни знае дали ќе биде во недела во Спортинг или во Манчестер јунајтед.