Алварез во трансфер-драма: Навивачите не го сакаат, а Атлетико бара 500 милиони евра!

Хулијан Алварез се наоѓа во незавидна позиција во Атлетико Мадрид, откако навивачите му го свртеа грбот, а тоа можеше да се забележи на дуелот против Вилјареал кога го исвиркуваа од трибините.

Алварез на крајот на дербито замина сам кон соблекувалната и не се поздрави со фановите, а тоа дополнително ги „запали“ сите поддржувачи на клубот од Мадрид.

Аргентинскиот фудбалер јавно кажа дека сака да замине од Атлетико, а како негова следна дестинација се споменуваше Барселона, меѓутоа раководството на гигантот од Мадрид побара дури 500 милиони евра за да го продаде.

Барселона очигледно нема да плати 500 милиони евра за Алварез, а во меѓувреме се појави Арсенал како потенцијален кандидат за трансфер, меѓутоа нуди „само“ 150 милиони евра за потписот на Аргентинецот.

Сепак, според зборовите на управата на Атлетико, тие нема да ја намалат откупната клаузула, а тоа е проблем за Алварез, кој повеќе не е омилен меѓу навивачите и ќе мора да бара решение за иднината.