Хаос во Хрватска: Голманка шутна противничка, па ја нападна судијката (ВИДЕО)

Хаотични сцени беа забележани на натпреварот меѓу Горица и Донат во првото коло на женската фудбалска лига во Хрватска, кога голманката Даниела Видовиќ предизвика сериозен инцидент.

По слободен удар, Видовиќ ја фати топката, а потоа ја шутна противничката фудбалерка. Судијката ѝ покажа директен црвен картон, меѓутоа тоа не беше крајот на драмата.

Видовиќ реагираше бурно и тргна да ѝ го земе црвениот картон на судијката, по што ја нападна вербално.