Алиоски се расплака по последниот домашен натпревар за Ал Ахли (ВИДЕО)

Македонскиот репрезентативец Езгјан Алиоски го одигра последниот натпревар пред домашната публика, кој Ал Ахли го загуби со 1-3 од Ал Раед.

Алиоски се очекува да замине на крајот на сезоната, па по мечот против Ал Раед го совладаа емоциите и во солзи го напушти теренот.

Македонскиот фудбалер се очекува во следниот период да го засили Трабзонспор.