Александар Коларов ја напушта Рома и се сели во Шпанија

Рома во зимскиот преоден рок веројатно ќе прави голема реконструкција и ќе почне да создава тим за следната сезона, бидејќи оваа е речиси загубена. „Волчицата“ е на 10-тото место во Серија А, па јасно е дека се потребни засилувања. 

Ќе има и заминувања, а италијанските медиуми шпекулираат дека еден од првите кои ќе го напуштат Рим е Александар Коларов. Левиот бек е еден од подобрите во тимот, но Мончи и Франческо Тоти, сакаат сериозно да го подмладат составот.

Коларов се очекува да остане на „Олимпико“ до крајот на оваа сезона, а веќе на лето да се пресели во Атлетико Мадрид. Диего Симеоне очекува искусниот фудбалер да му донесе стабилност на оваа позиција, бидејќи Луис Фелипе си заминува, а истото веројатно важи за Лука Ернандез, кој има понуда од Баерн Минхен.