Алегри откри кога ќе биде промоцијата на Роналдо во Јувентус

Тренерот на италијанскиот великан Јувентус, Масимилијано Алегри (не)сакајќи откри кога ќе биде официјалната промоција на најдобриот светски фудблер Кристијано Роналдо, кој од вчера и официјано е нов член на „старата дама“.

Роналдо во Јувентус доаѓа за трансер вреден 105 милиони евра, а најзадоволен од рансферот секако е тренерот Алегри, кој сега има тим што може да стигне до европскиот трон, откако загуби две финалиња во последните четири сезони.

„Кристијано е големо засилување. Чекор напред за сите во клубот. Не сум разговарал со него, но мислам дека ќе биде тука на прес-конференција на 16 јули (понеделник) и тогаш ќе разговараме подетално. Знам дека е среќен што е тука во Јувентус и што ќе биде големо засилување. Раководството направи неверојатна работа за екипата, ама посебно за италијанскиот фудбал“, рече Алегри.

Кога го прашале новинарите Алегри, како очекува да игра Роналдо во Италија, кратко одговорил:

„Како што и досега играше. Ќе се обиде да даде многу голови“, рече Алегри.