Ал-Келаифи демантира: ПСЖ не е заинтересиран за Салах!

Претседателот на ПСЖ, Насер Ал-Келаифи демантираше дека францускиот гигант е во преговори со Мохамед Салах од Ливерпул, кој има договор со премиерлигашот до крајот на сезоната.

„Л’Екип“ објави дека ПСЖ ќе ги искористи проблемите меѓу Салах и управата за да го ангажира Египќанецот, но Ал-Келаифи тврди дека такво нешто нема да се случи.

„Тоа не е вистина. Салах е фантастичен фудбалер, но никогаш не сме ја разгледале опцијата за да го ангажираме. Знам дека секој клуб би сакал да го има, но последните шпекулации се лажни“, кажа Ал-Келаифи.

Салах не е задоволен во премиерлигашот затоа што досега не биле почнати преговори за нова соработка, па како следна дестинација се споменува Саудиска Арабија.