Ал Ахли се откажа од преговорите: Алиоски им барал премногу пари!

Македонскиот репрезентативец Езгјан Алиоски нема да се пресели ниту во Ал Ахли, иако пред неколку дена се појавија шпекулации дека левиот бек си договорил двегодишна соработка, а причина за прекина на преговорите се финансиските услови.

Новинарот Педро Алмеида објави дека Алиоски договорил двегодишна соработка и ќе заработи пет милиони евра, но сега истиот новинар тврди дека македонскиот репрезентативец ги зголемил финансиските барања, односно сака 2,5 милиони евра по сезона плус бонуси, а тоа е премногу за екипата од Саудиска Арабија.

Претходно од македонскиот фудбалер се откажа и Галатасарај, а тренерот Фатих Терим кажа дека не сакал да го ангажира Алиоски токму поради неговите финансиски барања.