Акциите на Јувентус скокнаа вртоглаво на италијанската берза

Најавеното доаѓање на Кристијано Роналдо во редовите на Јувентус, значи и зголемување на вредноста на клубот. 

Италијанскиот шампион е еден од финансиски најздравите фудбалски клубови во светот, па затоа може да си го дозволи Португалецот. Да плати обештетување од 100 милиони евра и да му понуди фантастична плата од 30 милиони евра годишно.

Сепак, тоа не е ништо во споредба што Јувентус всушност ќе го добие со трансферот на Роналдо. Уште сега се најавува дека клубот ќе сруши рекорд во продавање на дресови. Фудбалската суперѕвезда сè уште официјално не е фудбалер на Јувентус, но шпекулациите придонесоа вредноста на акциите на клубот на берзата на пораснат за 9 отсто. Се очекува кога трансферот ќе биде комплетиран, акциите на „старада дама“ да пораснат за уште минимум 10 отсто.

„Очекуваме акциите на Јувентус да одат нагоре, бидејќи ќе се зголеми вниманието кон клубот и трансферот на Роналдо ќе придонесе за вредноста. Тоа ќе значи и поголем бизнис за Јуве преку своите производи“, велат од берзата во Италија.