Агуеро заигра во дресот на Барселона па дури постигна и гол (ВИДЕО)

Барселона денеска одигра пријателски натпревар против Корнелја во својот тренинг-центар. Дуелот заврши со резултат 2-2, а еден од стрелците беше Серхио Агуеро. 

Аргентинецот конечно дебитираше за Каталонците по неговото доаѓање летово од Манчестер сити. Голгетерот се повреди на неколку дена пред стартот на сезоната, но сега конечно се рехабилитираше.  Се очекува претстојниот викенд да игра и во Ла Лига на дуелот против Валенсија.