Агуеро испрати кратка порака по шпекулациите дека заминува од Барселона

Аргентинскиот фудбалер Лионел Меси нема да остане во Барселона, па се појавија шпекулации дека од екипата сака да си замине и Серхио Агуеро.

Агуеро потпиша со Барселона поради големата желба да игра со Меси во ист клуб, но очигледно нема да му се исполни сонот, а сега и самиот ги реши дилемите за тоа дали ќе остане или ќе си замине од каталонскиот гигант.

„Не грижете се, ме имате цела година“, кажа Агуеро и така потврди дека останува во Барселона барем една сезона.

Аргентинецот, исто така, испрати и поддршка до својот пријател и сонародник Меси, кој најверојатно ќе се приклучи на ПСЖ.

„Секоја чест пријателе. И секогаш биди со таа насмевка. Те сакам“, објави Аргентинецот.