Агентот на Мурињо му нуди тројца фудбалери на Реал Мадрид

Шпанските медиуми пишуваат дека познатиот агент Жорж Мендеш му понудил тројца фудбалери на Реал Мадрид.

Агентот на Мурињо ги понудил Рубен Дијаш, Матеус Нунез и Матеус Фернандеш на „кралевите“, а засега не е познато дали Реал е подготвен да купи некој од нив.

Цената на Дијаш се проценува на 55 милиони евра, додека Нунез вреди 50 милиони евра, додека Фернандеш ќе чини околу 85 милиони евра.