
Абрамович сака да се врати во фудбалскиот крем, ќе купи италијански гигант!?
Абрамович беше избркан од Англија по руската инвазија врз Украина, мораше да го продаде Челси, но Русинот не може долго да издржи без елитен фудбал.
Наводно тој сака да ја купи Рома од семејството Фридкин. Американците неодамна го купија Евертон, па за добра понуда можно е да се сложат да му го продадат италијанскиот клуб на Абрамович.
Според информациите Фридкин ја купи Рома за 700 милиони евра во 2020 година. Доколку на нивна адреса стигне понуда околу една милијарда евра, Абрамович може да добие зелено светло за купувањето.