Закариќ од слободен удар го матира голманот на Шкупи (ВИДЕО)

Најтрофејниот македонски фудбалски клуб Вардар на полувреме води со 2-1 против Шкупи во 14. коло од македонската Прва лига.

Шкупи преку Јумеми Канда погоди за предност од 1-0, но потоа Горан Закариќ од слободен удар со малку среќа стрелаше за 1-1.

Вардар погоди уште еднаш во завршницата на првиот дел, и тоа преку Кристијан Николовски за целосен пресврт (2-1).