Васоски по елиминацијата од Купот: Немаме време за плачење!
Најтрофејниот македонски клуб останува без шанса да го освои Купот на кој чека повеќе од една деценија, откако последен пат го освои во 2007 година. Денеска Вардар играше со комбиниран тим, без низа првотимци, но промаши низа шанси за да обезбеди четвртфинале.
„Мечот го имавме во раце, на 1-1 имавме три стопроцентни шанси, Матеј Цветановски двапати излегува сам пред голманот, па кога нема да дадеш гол – ќе примиш! Тоа е фудбалот. Разочарани сме и треба да преспиеме. Одигравме добар меч, но немавме среќа. Немаме многу време за плачење, сега се насочуваме кон следниот меч со Академија Пандев“, рече по елиминацијата тренерот на Вардар, Александар Васоски.