Најтрофејниот македонски клуб Вардар веднаш се фати за работа за максимално да се подготви за продолжението од борбата за титулата.

И во ек на посебни мерки, после два ипол месеци седење дома, максимално фокусирани црвено-црните почнаа да работат за да се спремат за јунскиот рестарт на сезоната.

Без оглед на сите маки, проблемот со лиценцата, за вардаровите фудбалери рестартот е шанса да потврдат дека се најдобри, па не треба ни да чуди што од старт се максимално фокусирани за тоа што им претстои.

Им требаат шест победи за титула, под услов ривалите се да победат, ама воведните четири рунди пред плејофот може да решат се, а ги чекаат пресметки со Шкупи и Шкендија на гости, а со Силекс и Академија Пандев дома.