Вардар со многу мака по пенал-рулет избори осминафинале во Купот

Вардар избори пласман во осминафиналето на македонскиот Куп бидејќи денеска беше подобар од Вардар Форино по изведување на пенали, откако во регуларниот дел резултатот беше 2-2.

Македонскиот шампион во првото полувреме играше многу добро и имаше многу шанси пред голот на противникот, а до првиот погодок стигна преку Дејан Блажевски од пенал во 37. минута.

Вардарци и во вториот дел притисна кон голот на ривалот, а Петковски зголеми на 2-0, но потоа следеше шок за шампионот.

Вардар Форино за само две минути (71 и 73) успеа да постигне два гола и да израмни на 2-2, по што победникот се решаваше по изведување на пенали.

По дури 18 изведени пенали Вардар успеа да слави бидејќи во последната серија Синани од Вардар Форино успеа да ја погоди пречката.