Вардар останува и без Жуниор: Бразилецот го засилува белградски Партизан

Левиот бек на Вардар, Жуниор Реис Родригез го напушта најтрофејниот македонски клуб и според последните информации од српските медиуми ќе го засили белградски Партизан. Тој во Белград ќе стигне како слободен фудбалер, затоа што побарал раскин на договорот поради неисплатени плати.

Тешката финансиска ситуација во која западна Вардар во последните година и половина го добеде клубот на работ на бездната, со многу неизвесна иднина, откако црвено-црните извисија за лиценца за Европа, а од ФИФА добија забрана за трансфери во два преодни рокови поради „случајот Максимов“, за што се пофали литвански Тракаи дека по две години го добиле спорот.

И во таквиот хаос, Вардар летово сигурно остана без Хуан Фелипе, Вилијан Лира и Кларенс Битанг, а сега и Жуниор заминува. Бразилскиот лев бек е прв избор на српскиот гигант кога станува збор за левата бековска позиција и трансфер е многу блиску до реализација. 23- годишниот Бразилец бил желба на тренерот на црно-белите, Саво Милошевиќ. Жуниор во Вардар дојде во јануари оваа година од екипата на Македонија Ѓорче Петров.

Во Вардар фудбалерите немаат добиено плата од ноември лани, со исклучок на јануарската која им беше исплатена на почетокот на годинава, па фудбалерите според правилата на ФИФА слободно може да си заминат на штета на клубот, штое случај со Жуниор. Сето ова е почеток на егзодусот на фудбалери од црвено-црните, зашто веќе на големо во Турција се најавува дека и најталентираниот младинец Али Адем ќе оди во Фенербахче бесплатно, а Вардар ќе добие само тренинг-компензација.