Вардар мора да го победи Тиквеш ако сака да остане во игра за опстанок!

Дуелот меѓу Вардар и Тиквеш на Националната арена „Тодор Проески“ е во центарот на вниманието во денешното 17. коло од Првата македонска фудбалска лига, со оглед што двата тима се наоѓаат на дното од табелата и оваа средба ќе биде од исклучителна важност во борбата за опстанок.

Првиот меѓусебен натпревар во Кавадарци донесе големи контроверзи, кулминирајќи со прекин поради напад врз судијата Гоце Петрески, што донесе дополнителна тензија помеѓу овие два тима. Вардар во моментов е на десеттата позиција со 12 бодови, колку што има и Воска, а Тиквеш е последнопласиран со 10 бодови.

Иако дуелот на „Тодор Проески“ го носи најголемиот товар, останатите средби од колото исто така се со големо значење. Гостивар и Силекс ќе се борат за врвот на табелата, додека Шкендија, како дел од водечкото трио, гостува кај Воска во Охрид. Фудбалерите на Шкупи ќе се обидат да излезе од кризата против шампионот Струга, Брера ќе го пречека Работнички, а Пелистер ќе ја нагости Беса.

За да се избегнат слични инциденти, Фудбалската федерација на Македонија донесе одлука двата последни натпреварувачки круга од есенската полусезона да се играат без присуство на публика.

ДВОЈКИ ЗА ДЕНЕСКА (13:00 часот):

Вардар – Тиквеш

Брера – Работнички

Гостивар – Силекс

Воска – Шкендија

Шкупи – Струга

Пелистер – Беса