
Вардар ја прекина соработката со тренерот Симов!
Црвено-црните не ја почнаа сезоната како што посакуваа, а пресуди поразот во завчерашниот дуел против (пот)просечната Велешта.
Фудбалскиот клуб Вардар и Симов договорија прекин на соработката. Клубот му се заблагодарува на Симов за досегашната соработка, на резултатите кои ги оствари како тренер на Вардар и му посакува среќа во понатамошниот тек на неговата кариера.
Функцијата вршител на должноста шеф на стручен штаб ќе ја извршува досегашниот помошник, Никола Глигоров.