
Торпедо пресилен за Работнички: На дебармаалци ќе им треба чудо во реваншот!
Победата на белорускиот состав во натпреварот кој поради ситуацијата во оваа земја се играше во Унгарија беше најавена по 12 минути игра кога Садко ја погоди мрежата на тимот од Дебар Маало.
Не се промени сликата на теренот ниту во вториот дел, Работнички во целиот натпревар не успеа да упати удар во рамките од голот, а домашниот состав со погодокот на Побудеј во 64. минута стигна и до втор гол. Во самата завршница за уште поубедлив триумф се погрижи Алфред..
Сега пред дебармаалци е исклучително тешка задача на домашен терен за седум дена да ја надополнат негативата.