Талентиран напаѓач е деветото засилување за Тетекс пред новата сезона!

Класичниот напаѓач Никола Димовски е најновото, а вкупно девето засилување за второлигашот Тетекс во пресрет на новата сезона.

Станува збор за 21-годишен фудбалер, кој во Тетово доаѓа од екипата на Осогово, а кој претходно играше во првенството на Црна Гора за екипата на Ком. Во Макеоднија има играно уште и за Саса и младинската школа на Академија Пандев, а потекнува од младинскиот погон на ССК.

Со серијата квалитетни засилувања, Тетекс само ги потврдува амбициите за највисок пласман во Втората лига-Запад.