
Струга со уште еден пораз од Слован елиминирана од квалификациите за ЛШ (ВИДЕО)
Во првиот натпревар на гости Слован беше подобар со 4:2, па уште пред почетокот на денешниот натпревар беше јасно дека пред македонскиот шампион е тешка задача.
Победата во денешниот натпревар за Слован ја најави искусниот Вајс кој на асистенција од Стрелец го отвори резултатот во деветата минута. По половина час игра мрежата Дујмовиќ ја погоди Кире Ристевски кој си постигна ефектен автогол.
Goal: Kire Ristevski | Struga 0-2 Slovan Bratislavapic.twitter.com/pU8C26LoJQ
— PushGoals (@PushGoals) July 17, 2024
Во продолжение од натпреварот гледавме една мирна игра со по некоја прилика. Конечните 2:1 ги постави Компаоре во 85. минута.
Струга сега продолжува во квалификациите за Конференциската лига каде што ја чека ерменски Пјуник. Првиот натпревар од тој двомеч се игра на 24. јуни во Охрид.