Струга, Шкупи и Шкендија ја продолжуваат битката за титулата во ПМФЛ

Вчера со мечот меѓу Гостивар и Вардар стартуваше новата сезона во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ), а денеска на програмата се преостанатите пет натпревари.

По првите 18 кола, три екипи се издвоија во борбата за титулата, актуелниот шампион Струга го брани трофејот, а Шкупи и Шкендија напаѓаат.

Струга му гостува на Работнички, гостински предизвик има и Шкендија која оди кај Македонија Ѓорче Петров, Шкупи ќе ја пречека екипата на Воска.

Александар Васоски денеска ќе го има своето деби на клупата на Силекс, се среќава против тимот кој порано го водеше, Брера Струмица.

Брегалница која сега е на дното, во Штип ќе го пречека Тиквеш и ќе бара бодови за опстанок кои и тоа како ѝ се потребни.

Сите пет натпревари почнуваат од 14 часот.

Денеска 14 часот:
Брегалница - Тиквеш
Македонија ЃП - Шкендија
Работнички - Струга
Шкупи - Воска
Силекс - Брера
Вчера
Гостивар - Вардар 1-1