Струга се засили со фудбалер од француски третолигаш

Струга ТЛ промовираше ново засилување, се работи за фудбалер од дефанзивната линија кој доаѓа од француската трета лига, Ласана Диако.

Тој е 26-годишен стопер со потекло од Мали кој има француски пасош.

Диако во Струга доаѓа од Париз 13 Атлетик кој се натпреварува во третата лига на Франција.

Овој фудбалер претходно настапувал за Кретеил, Шамбле, Луситанос, Клермон Б, Шатилон и Вилеџуф.