Стојковски најави тренинг-центар за Пелистер, ама побара да помогне и од ФФМ

Новиот претседател на битолски Пелистер, легендарниот Митко Стојковски, членот на првата македонска фудбалска репрезентација, најави дека се разговара за Пелистер да направи тренинг-центар преку кој школата на битолчани ќе изроду нови големи фудбалски имиња во битката за враќање комплетно на стариот сјај на гордоста на Битола.

Пелистер од лани го презема општина Битола за раководењето, а неодамна Стојковски беше избран на Собрание за претседател на клубот, па тој ги претстави краткорочните и сренорочните планови во кои главна цел е сезонава да се обезбеди враќање на Пелистер до македонската фудбалска елита, а посебен акцент е на среднорочната цел, школата да биде уште подобра, а за тоа треба подобри услови и – тренинг-центар.

„Нашата краткорочна цел е Пелистре да се врати во Првата лига, знаеме дека нѐ чека пролетен дел во кој сме во борба за тоа враќање. Нѐ чека силна конкуренција, но во овие 15 меча што ни претстојат ќе направиме сѐ за Пелистер да го вратиме таму каде што припаѓа. Од друга страна, на среден рок е да се стабилизира клубот со поддршка на градоначалникот и општината зашто тие застанаа зад нас и финансискиот товар е најголем кај општината. Таа помош ја очекуваме, но тоа што ние треба да го направиме и тоа го ветувам дека ќе се вложиме сто отсто да го кренеме нивото на клубот.

Школата ни е базата и на неа најмногу сакаме да се посветиме, да ка кренеме на повисоко ниво, да воспоставиме нов систем на работа и да ѝ го вратиме сјајот на таа битолча кола која во рамки на екс-Југославија беше широко позната, а во Македонија една од водечките, која даваше доста репрезентативци. За таа цел, да функционира подобро, ни требаат подобри услови, а веќе се разговара за еден спортски тренинг-центар, кој ќе биде база за нашите деца. Затоа ни треба поддршка од општината, ама и од ФФМ, а и во делот на општествената одговорност кои ќе најдат интерес и ќе сакаат да помогнат за развојот на децата. Имаме 400 деца во школата од 6 до 18 години, значио 10 различни генерации и со нив работат над десет тренери. Затоа вечам ќе го менуваме системот на работа, да ги подобриме условите, а за неколку години од таа школа, да имаме првотимци во Пелистер, а со низа странски засилувања да бидеме конкурентни за излез во Европа“, вели Стојковски.

Битола после низа години конечно ја доби модерната трибина на стадионот „Петар Милошевски“, но за развојот на клубот, камп за Академијата е нешто што е неопходно за клубот да напредува и да функционира.

„Со имиња како Митко Стојковски сигурен сум дека ќе постигнеме стабилизирање и враќање на клубот во Првата лига, каде што и заслужува да биде“, рече градоначалникот на Битола, Коњановски.