
Штрајк во Вардар: Играчите не играат веќе за беспари, неизвесен мечот со Детонит!
Вардар веќе подолго време се соочува со беспарица, па откако предоцна се тргна во подготовки и со сезоната, трпението кај фудбалерите повеќе го нема, па играчите, стручниот штаб и спортскиот директор Александар Бајевски заедно донеле одлука за штрајк додека не бидат исплатени дел од огромните долгови.
Поради оваа ситуација сега виси одигрувањето на мечот со Детонит Плачковица в сабота, зашто играчите поставиле услов да бидат исплатени барем дел од долговите до викендов за да го играат мечот.
Македонската гордост веќе долго време се мачи со финансиите и со наталожениот долг, а сѐ уште се чека на влегување на унгарските газди, за кој се најавува дека до средината на месецов треба да го преземат раководењето на клубот.
Вардар има реми и победа на стартот на вториот дел од сезонава, а со 40 бода е во тесна битка за пласман во Првата лига, колку што имаат и Гостивар после казната од минус три поени и Воска Спорт, а Пелистер е зад нив до 36 бода.