Шкупи промовираше играч од трета швајцарска лига

Шкупи продолжува да го креира тимот за наредната сезона, тие се пофалија дека потпишале договор со Ардит Дестани кој доаѓа од третата швајцарска лига.

Се работи за 21-годишен фудбалер кој игра на левата крилна позиција, доаѓа од Парадисо, Швајцарија.

Ова е уште едно засилување за Шкупи ова лето кое доаѓа од пониските европски лиги.

Навивачите на чаирскиот клуб беа револтирани од трансфер политиката на клубот, но тие не отстапуваат од својата стратегија.