Шкупи ја оствари најубедливата победа во историјата со 37-0

Футсал клубот Шкупи го совлада Кратово со неверојатни 37-0 во рамки на домашното фудбалско првенство.

Чаирчани немаа милост кон противникот и до „врв“ ја наполнија мрежата. Долгогодишниот капитен на македонската футсал репрезентација Зоран Левески беше играч на натпреварот со дури 14 постигнати голови. Еркан Шабани постигна седум, шест имаше Исмет Чека, Бурак Мемеди реализираше четири, Иван Сотировски три, а по еднаш во листата на стрелците се запишаа Арсим Фазлиу и Никола Димовски, а еден гол беше - автогол. 

Интересно е тоа што Шкупи на овој натпревар беше без неколку стандардни играчи кои моментално се со обврски со репрезентацијата, но и гостите исто така беа подмладени без неколку важни играчи.