Шкупи и Струга одбија корона тестови - не верувале на резултатите!

Фудбалските прволигаши Шкупи и Струга добиваат да се тестираат за Ковид-19 преку Синдикатот на фудбалери на Македонија, бидејќи не веруваат во нивните резултати.

Денеска тестови се спроведуваат во редовите на Вардар, а од Синдикатот на фудбалери велат дека Шкупи и Струга нема да се тестираат. Стружани најавиле дека самите ќе организираат тестирање и потоа ќе ги презентираат резултатите. 

„Денес во тренинг кампот на ФК Вардар беше мобилна екипа на Аџибадем Систина. На сите играчи,стручниот штаб и сите луѓе кои што работат во клубот им беше извршено тестирање на Ковид 19. За утре имавме закажано тестирање во ФК Шкупи меѓутоа во последен момент ни беше откажано од нивна страна со образложување дека они не веруваат во овие тестови. Го почитуваме нивното мислење,но еве јавно ги замолуваме да направат тестови во друга институција во која они веруваат во интерес на здравјето на фудбалерите.

Фк Струга Трим Лум исто одби да се тестира со нас меѓутоа коректно најавија дека тестови ќе направат некаде во државните болници.Исто така ни најавија дека резултатите ќе ни ги презентираат и тоа е за почитување,се гледа дека како клуб ги интересира здравјето на фудбалерите.

За пример на сите треба да ни биде Фк Слога од Виница.Иако ќе играат бараж натпревар за влез во втора лига, ФК Слога побара од нас да им обезбедиме тестирање.Тестирањето е обезбедено и веќе утре Аџибадем Систина ќе биде во Виница и ќе изврши тестирање во просториите на клубот.

Во име на СФМ ве замолуваме да не не ставате во никакви комбинации и нечесни игри.До нас допре глас дека сме била во некаква "игра" со Систина за некакви нечесни игри.Комбинациите правете си ги на ваша маса со ваши луѓе.Ние секогаш ќе стоиме на страна на фудбалерите,здравјето нивно за нас е најважно.Ако на одредени луѓе во клубовите им е најважен профитот и излезот во европа а не здравјето на играчите тогаш сериозно треба да се запрашаат што воопшто бараат во спортот и фудбалот. Спортски поздрав“, стои во соопштението на Синдикатот.

Вчера беа објавени шест позитивни случаи на Ковид-19 во македонскиот фудбал, односно четири лица од таборот на Ренова, двајца од Шкендија. Претходно тестирани беа Македонија Ѓорче Петров, Работнички, Борец и Академија Пандев и во редовите на овие тимови немаше ниту еден позитивен тест.