Шкупи го надигра Работнички, Гостивар од пенал ја шокира Струга

Дуелот меѓу Шкупи и Работнички заврши со победа на чаирчани од 2-0, додека Гостивар од пенал во 96. минута ја шокира Струга, а Силекс освои само бод против Тиквеш (1-1) во 19. коло од Првата лига.

Двете скопски екипи понудија возбудлив фудбал од самиот почеток на мечот, а првиот гол за Шкупи го постигна Емануел Аворнио во 29. минута.

Шкупи во второто полувреме ја презема контролата врз мечот и имаше неколку шанси кои не ги искористи, по што Работнички се обиде да го возврати ударот, меѓутоа прими и втор гол кој беше дело на Демир Имери.

Босанскиот интернационалец Ади Алиќ по половина час игра ја затресе мрежата на Тиквеш за предност од 1-0 на Силекс, меѓутоа Берат Садик од пенал во 78. минута стрелаше за конечни 1-1.

Гостивар го „нокаутира“ актуелниот шампион Струга со гол од пенал во 96. минута, а ударот од белата точка го реализираше Потук.

Резултати - 19. Коло - Прва лига:

Гостивар – Струга 1-1
Пелистер – Брера Струмица 0-0
Шкупи – Работнички 2-0
Силекс – Тиквеш 1-1
Вардар – Шкендија 1-2
Воска Спортс – Беса 2-0

Табела:

Шкендија 40, Силекс 38, Гостивар 38, Работнички 37, Струга 32, Шкупи 25, Пелистер 20, Брера 20, Тиквеш 15, Воска 15, Беса 13, Вардар 13