Шкендија продаде еден од своите најдобри фудбалери во Русија

Актуелниот македонски шампион Шкендија соопшти дека го продала дефанзивецот Клисман Цаке во рускиот тим Ахмат Грозни.

Шкендија соопшти дека ја испочитувала желбата на фудбалерот, кој сакал да направи нов чекор во кариерата, а притоа пристигнала добра понуда од Русија која била прифатена.

Цаке пристигна во Шкендија во јануари 2022 година, а притоа настапи на 133 меча во сите натпреварувања во изминатите четири години.

Дефанзивецот беше дел и од историскиот успех на тетовската екипа со пласманот во групната фаза во Конференциската лига.