Шкендија на подготовките во Словенија ќе се „тестира“ со Хајдук Сплит!
Тетовци ги чека тежок предизвик на подготовките во Словенија, каде што ќе ја темпира формата пред настапот во Конференциската лига на УЕФА.
Поранешниот македонски шампион во следниот период треба да ги објави и останатите ривали со кои ќе се соочи на подготовките во Словенија.
Шкендија минатата сезона ја заврши на втората позиција во Првата лига со 74 бодови, односно девет поени помалку од шампионот Вардар.