Шкендија го освои Велес за да се зацврсти на лидерското место

Шкендија врза два триумфи во низа во македонската Прва Лига, откако денеска триумфираше на гостувањето во Велес кај Борец со 2-0, па така тетовци сега имаат пет бодови повеќе на табелата од Шкупи.

Шкендија во првото полувреме се закани неколку пати кон голот на Борец, а првата посериозна шанса ја имаше Бесарт Ибраими, кој погоди пречка. Тимот од тетово продолжи со притисокот кон голот на домаќинот, па до гол стигна преку Ибраими од пенал во 25. минута.

Во второто полувреме Борец се обиде да стигне до посакуваното реми, но не успеа да го пронајде патот до мрежата на гостите од Тетово, по што во финишот од дуелот Дориев стрелаше за 2-0 и така ја урна надежта на екипата од Велес дека може да освои барем бод.

Шкендија има 33 бодови на првата позиција на табелата, по што следи Шкупи со 28 и Македонија ЃП со 26, но тие имаат одиграно еден меч помалку од лидерот во македонскиот шампионат.