Вардар загуби од Шкендија со 1-2 на стартот на вториот дел од сезоната во Првата лига во дербито кое се играше на Националната арена „Тодор Проески“.

Првото полувреме меѓу македонските екипи заврши без погодоци, по што Бесарт Ибраими беше стрелец на првиот гол во дербито меѓу двете екипи, откако во 54. минута со прекрасен удар ја затресе мрежата на скопскиот тим.

Вардар доби шанса за израмнување во 65. минута кога Трумчи направи пенал, но потоа Амзаи му одбрани пенал на Закариќ, но помошник-судијата покажа дека голманот на останал на гол-линијата по што ударот од белата точка беше повторен.

Закариќ од вториот обид беше прецизен и го испрати голманот на погрешната страна, со што израмни на 1-1. Сепак, екипата од Тетово набрзо стигна до вториот гол, кога Тамба со одличен удар го матира чуварот на мрежата на вардарци за 2-1.

Шкендија со оваа победа стигна до 40 бодови, додека Вардар остана на последната позиција со 13 поени.