Шкендија ем победи, ем избега: Алими со мајсторски гол го скрши жилавиот Вардар (ВИДЕО)

Актуелниот прволигашки лидер Шкендија со прекрасниот гол од 20 метри на Арменд Алими од слободен удар нешто по еден час игра под Шара, го скрши жилавиот Вардар за триумф со 2-1 и да избега на плус осум бода во трката за титулата во однос на конкурентот Шкупи кој ремизираше без голови со Академија Пандев во денешното 20-то коло во македонската елита.

Шкендија со блесок на еден од клучните фудбалери на Шкендија во изминативе години, успеа да го скрши жилавиот Вардар, кој се покажа дека е тврд орев, но не успеа да се одбрани во клучниот момент кога Алими со прекрасен слободен удар го совлада Филип Илиќ за да ѝ донесе голема победа на Шкендија.

Претходно во една минута прво Шкендија поведе преку Мевљан Мурати, а брзо Мартин Мирчевски за 60-на секунди ги олади фаворитите со гол за израмнување, по што тетовци се обидуваа да нападнат, но вардарци умешно се бранеа и успеваа да ги сопрат сите напади на далеку поквалитениот ривал.

За Шкендија ова е втора пролетна победа со која го продолжуваат маршот кон круната додека Вардар првпат пролетва загуби и шанса за нови бодови повторно ќе бара во тетово веќе во среда со гостување кај Ренова, која по два меча има два порази и е еден од директните конкуренти за опстанокот на црвено-црните. Тетовци со победата сега имаат 45 бода по 20 кола, додека Вардар остана на 26 засега сигурен на средината на табелата.