Шефки Арифовски е нов тренер на Беласица

Беласица по шест одиграни кола се наоѓа на последното место во македонската Прва лига, а тоа предизвика смена на тренерската позиција. Ване Милков си поднесе оставка, но ќе остане на позицијата технички директор, додека стратег на струмичкиот тим ќе биде Шефки Арифовски.

Арифовски има богата кариера како тренер, а беше во стручните штабови на Хоризонт Турново, Слога Југомагнат, Борча Белград, Кожуф, Академија пандев и селектор на младински селекции во Македонија.

ОФИЦИЈАЛНО: ШЕФКИ АРИФОВСКИ НОВ ШЕФ НА СТРУЧНИОТ ШТАБ Управата на ФК Беласица му ја довери функцијата шеф на стручен...

Posted by FK Belasica on Friday, September 25, 2020