
Реткост во македонскиот фудбал: Натпревар во ВМФЛ ќе се игра под рефлектори
Реткост е во ВМФЛ да гледаме натпревари во вечерен термин, а причина сега ќе биде прославата на 102. роденден на струмичкиот тим.
Управата на Беласица сака во вечерен термин и во убава атмосфера да го прослави роденденот, па преку социјалните мрежи испрати покана навивачите да дојдат во што пголем број.
Натпреварот е закажан за в недела во 20:00 часот.