Работнички се засили во „пет до 12“: Јевтовски остана уште една година во Дебар Маало!

Еден ден пред воведниот меч во новата сезона на бишвиот македонски првак Работнички во Дебар Маало стигна засилување, ама не нозајлија, туку Стефан Јевтовски, кој играше и лани, но се најавуваше дека ќе направи странски трансфер.

Јевтовски ќе биде големо засилување за тимот на Ратко Достаниќ, зашто и лани беше првотимец, па „романтичарите“ со него добиваат уште поширок ростер во средниот ред. Овој фудбалер, екс-играч на Металург, потпиша нов едногодишен договор.

Јевтовски е петти фудбалер кој го продолжува договорот со Работнички, а четири нови имиња дојдоа летово како засилувања со цел дебармаалци да бидат далеку поконкурентни за врвот, за разлика од лани кога имаа жестока борба за опстанокот, па маките ги скрати пандемијата со коронавирус и одлуката на ФФМ никој да не испадне, па и да се прошири прволигашката конкуренција на 12 екипи.

Работнички утре ѝ гостува на Македонија ЃП во воведното коло од новата сезона од 17.30 часот на стадионот во Ѓорче Петров.