Работнички се засили со репрезентативецот Стојановски

Македонскиот прволигаш Работнички се засили со македонскиот репрезентативец Влатко Стојановски, кој неодамна се раздели со бугарската екипа Септември Софија.

Напаѓачот се враќа во македонската Прва Лига и во следните 18 месеци ќе го носи дресот на екипата од Дебар Маало.

„Чест ми е што ќе го носам дресот на ФК Работнички. Тоа е клуб со голем традиција во Македонија, поранешен шампион и освојувач на Купот. Прифатив да бидам дел од овој нов проект, кој треба да го врати Работнички во врвот на македонскиот фудбал. Се надевам дека во новата сезона ќе имам полн придонес за таков развој на настаните“, кажа Стојановски.

Стојановски претходно играше за Металург, Ренова, Шкендија, Ним, Сплит, Горица, Септември Софија и други тимови.