Работнички се засили со напаѓач од Дордрехт и младински репрезентативец на Македонија

Македонскиот прволигаш Работнички денеска промовира уште две засилувања за пролетниот дел од сезоната, а едното доаѓа од Дордрехт, додека другото од Шкупи.

Џејсон Езеб е 19-годишен напаѓач кој пристигна во Работнички од холандскиот клуб Дордрехт, а претходно ги помина младинските академии на Хамарби и Феенорд.

Аритон Мехмеди пристигна во Дебар Маало од Шкупи, а исто така е младински репрезентативец на Македонија.

Работнички се наоѓа во многу лоша ситуација затоа што по 16 натпревари има освоено само седум бодови и се наоѓа на претпоследната позиција во Првата лига.