Работнички се засили со фудбалер со големо меѓународно искуство

Македонскиот фудбалски прволигаш Работнички го засили својот состав со Валон Ахмеди, офанзивен играч за врска со големо интернационално искуство.

Тој последно настапуваше за Шкендија, а настапуваше за клубови како Судтирол, Целје, Марибор, Кирјат Шмона, Интер Запрешиќ и Шахтер Солигорск. Неговото пристигнување доаѓа по заминувањето на Али Регба, најдобриот фудбалер на клубот во есенскиот дел од сезоната. Ахмеди, кој може да игра и на крилните позиции, се очекува да донесе дополнителна креативност во офанзивата на тимот на Горан Станиќ.

Новото засилување за дебармаалци во есенскиот дел од сезоната одигра 13 натпревари за Шкендија и постигна еден гол. Работнички пролетниот дел од шампионатот го отвора со гостување кај Шкупи.