Работнички промовира тројца новајлии – Маркоски, Илиќ и Деспотовски
Маркоски е поранешен младински репрезентативец и дете на Работнички откако во 2012 година дојде во Дебар Маало од Македонија ЃП како младинец, а си замина во 2018 година со настапи за А-селекцијата и Еуро 2017 во Полска со младата селекција. Преку АЕЛ Лимасол и Спартак Трнава, во летото 2020 се врати во Македонија, па играше за Академија Пандев, Шкупи, Шкендија и есеноска за Вардар.

Илиќ преку Металург и ерменски Гандсазар дојде во Вардар и беше четири години дел од црвени-црните пред да се врати во Ерменија, а сега како слободен потпишува за работнички и ќе ја зголеми конкуренцијата со единицата Игор Алексовски, кој го презема местото на прв голман кај „романтичарите“.

Деспотовски е 19-годишен десен бек и младински македонски репрезентативец кој ја мина школата на белградска Црвена Звезда, а доаѓа од нејзината филјала Графичар, инаку и екс-младински српски репрезентативец во селекциите од 16 до 19 години за кои има дури 37 настапи во тие категории.
