Работнички ги промовира засилувањата Бошковски и Јанакиевски

Поранешниот македонски првак Работнички, кој денеска под палката на новиот тренер Љупчо Марковски – Кац тргна во подготовката за новата сезона ги промовираше вечерва двете засилувања кои покрај екс-младинскиот репрезентативец Игор Алексовски дојдоа во Дебар Маало.

Филип Бошковски е засилувањето за одбраната, кој доаѓа од испаднатиот Пелистер и е фудбалер на левата бековска позиција, а може да игра и како лево крило. Тој е дете на Пелистер и досега целата кариера ја мина во битолскиот клуб

Иво Јанакиевски, пак, е фудбалер за врска кој ја засилува конкуренцијата во средниот ред и доаѓа од Скопје, а на Марковски му се добро познати неговите квалитети зашто соработуваа во Автокоманда.

Јанакиевски е поранешен фудбалер на Македонија ЃП, Борец, Љубанци, Тиквеш, Металург, Тетекс, Силекс.

И двајцата денеска беа на прозивката и првиот тренинг, а од претходно Работнички го ангажира голманот Алексовски, кој сега ќе биде единица откако Бурхан Мустафов замина во второлигашот Гостивар. Алексовски беше дел од златната младинска репрезентација, која играше на Еуро 2017.