Работнички ги почна подготовките за следната сезона

Работнички под водство на Ратко Достаниќ ги почна подготовките за следната сезона во македонската Прва лига.

Фудбалерите и стручниот штаб на Работнички со почитување на протоколите за заштита од КОвид-19, ги почнаа активностите за новите предизвици.

Првата фаза од подготовките ќе биде во клупската база, по што ќе заминат фудбалерите во Охрид, каде што ќе одиграат и неколку пријателски средби.

Во следните денови се очекува целосниот распоред на натпревари кои ќе ги игра екипата од Дебар Маало.






ФОТО: ФК Работнички